Кинези или Грци ќе го градат Чебрен и Галиште!

Bez autora
Jan 25 2012

Комисијата за евалуација на понудите која повеќе од еден месец работи на анализата на понудите на кинеската ЦВЕ и грчката ППС, компании што се сериозно заинтересирани да ги градат големите хидроцентрали Чебрен и Галиште, во текот на вчерашниот ден го достави сработеното до Министерството за економија. Според Ваљон Сараќини, министер за економија, извештајот која од овие две компании ги исполнува условите ќе бидат доставен до Владата која во сабота на владина седница ќе утврди што понатаму. Рокот за разгледување на понудите прво требаше да биде готов на крајот на декември, но по претходни дискусии со консултантот - Меѓународната финансиска корпорација -ИФЦ, тој е пролонгиран до 24 јануари годинава. Пролонгирањето беше за да се добие повеќе време за суштинска и структурна анализа на понудите.

Кинези или Грци ќе го градат Чебрен и Галиште!Комисијата за евалуација на понудите која повеќе од еден месец работи на анализата на понудите на кинеската ЦВЕ и грчката ППС, компании што се сериозно заинтересирани да ги градат големите хидроцентрали Чебрен и Галиште, во текот на вчерашниот ден го достави сработеното до Министерството за економија.

Според Ваљон Сараќини, министер за економија, извештајот која од овие две компании ги исполнува условите ќе бидат доставен до Владата која во сабота на владина седница ќе утврди што понатаму.

Рокот за разгледување на понудите прво требаше да биде готов на крајот на декември, но по претходни дискусии со консултантот - Меѓународната финансиска корпорација -ИФЦ, тој е пролонгиран до 24 јануари годинава.

- Пролонгирањето беше за да се добие повеќе време за суштинска и структурна анализа на понудите - потсетува Сараќини.

Неофицијално Кинезите понудиле поголем процент на акции за ЕЛЕМ од 40%, наспроти грчката компанија која понуди 28 отсто, сепак, барале поголеми гаранции од државата за количеството на откупена струја, вклучување на Тиквеш" и ослободување од ДДВ. Проектот е тежок околу 700 милиони евра, а изградбата треба да се заврши за 7 години.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik